Посебен сообраќаен режим на „Илинденска“, ќе се снима филм

by Fokus

На булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, утре и задутре од 21:00 до 6:00 часот, ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради снимање филм во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО Скопје.

Како што соопшти МВР, од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.

Поврзани новости