Португалската министерка за Европа: Македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот!

by Fokus

Португалската министерка за Европа, Ана Паола Закаријас, во разговор со новинарите пред завршувањето на претседателството, говореше за бугарската блокада за Македонија, додавајќи дека тие мора да ја почитуваат бугарската позиција.

„Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ кој ќе им помогне да работат заедно и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат полесно. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција. Тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји“, истакна Закаријас.

Поврзани новости