Португалија ја „уништи” Швајцарија со 6:1

by Fokus

Португалија со убедливи 6-1 буквално ја прегази Швајцарија во осминафиналето од Светското првенство, Гонсало Рамош постигна хет-трик во својот прв старт за португалската репрезентација.

Селекторот Фернандо Сантош реши за овој меч да го седне Роналдо на клупата и во игра од првата минута да го стави 21-годишниот Гносало Рамош, тоа се покажа како клучен потег.

Рамош постигна хет-трик во својот прв старт на еден натпревар за Португалија на Светското првенство.

Резултатот беше отворен рано, Рамош во 17. минута постигна гол за водство од 1-0.

Во 33. минута Пепе погоди со глава за водство од 2-0. Тој стана најстариот фудбалер кој погодил во нокаут фазата од Светските првенства.

Серијата погодоци продолжи во второто полувреме. Во 51. минута Рамош по асистенција од Далот го постигна својот втор гол на натпреварот за убедлива предност од 3-0.

Само четири минути подоцна Гуереро даде гол, овојпат Рамош беше во улога на асистент. Португалија поведе со 4-0.

Во 58. минута Акањи даде гол и го намали водството на 4-1.

Десет минути подоцна Рамош го даде и третиот свој гол на овој меч, запиша хет-трик за предност од 5-1.

Во судиското продолжение од мечот, Рафаел Леао постигна прекрасен гол и ги постави конечните 6-1.

Во четвртфиналето Португалија ќе игра против Мароко кој денеска ја шокираше Шпанија победувајќи ја на пенали.

 

Поврзани новости