Поројни врнежи од дожд и вечерва и утре

by fokus

Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.

– Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и  град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, информираат од УХМР.

Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде во текот на наредните два дена се највуваат поројни врнежи од дожд.

Поврзани новости