Породилното отсуство се продолжува до истекот на мерките за корона вирусот

by Frosina Fakova

Се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување на новородено и посвоено дете се до истекот на траење на времените мерки. Со уредба со законска сила на Законот за работни односи што ја донесе Владата, отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Оттаму нагласуваат дека продолжувањето на породилното отсуство ќе се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека заштитата на мајчинството е примарно, а грижата за здравјето и безбедноста на мајките и децата нема алтернатива.

Поврзани новости