Поранешните вработени во ОХИС стигнаа до премиерот Заев, тој го задолжи Шапуриќ да им одговори на барањата

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД Охис Скопје во стечај, на која поранешните вработени побараа исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година.

Заев ги информирал дека ќе го задолжи министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, да ја продолжи понатамошната комуникација со поранешните вработени во Охис, да оствари средби со надлежни институции, како и со стечајниот управник Маринко Саздовски, за да се најде „одржлив одговор на барањата на поранешните вработени“.

Дел од имотот на Охис беше продаден за 7,1 милион евра и иако поранешните вработени имаат одлука од Судот за наплата на заостанатите 24 плати, сепак не се знае дали тие ќе им бидат исплатени од стечајната маса. Минатата недела на дел од нив им беа исплатени мал дел од парите кои им се должат, во просек по околу пет илјади денари.

Поврзани новости