Поранешните вработени во „Охис“ повторно на протест, добија ветување за средба во Владата во петок

by Fokus

Стотина поранешни вработени од скопската фабрика „Охис”, која е во стечај, денеска повторно протестираа низ улиците на Скопје. Тие како секој вторник и петок, својот револт повторно го искажаа пред Парламентот по што тргнаа кон Министерството за правда и пристигнаа пред Владата, каде што го блокираа булеварот „Илинденска ББ“.
Тие добиле најави дека од Собрание ќе направат притисок да им се реши прашањето.
Денеска во Владата не ги примиле, но најавиле дека ќе ги примат во петок.

-Во Парламентот не прими Талат Џафери, но не упати упати кон Владата, бидејќи само таа можела да ни го реши прашањето, вели еден од поранешните вработени во „Охис“.

 

Како и на досегашните протести тие бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Според информациите поранешните вработени имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис”.

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници, добивале различни ветувања, но ниту едно не било релизирано. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите, па затоа најавуваат дека во вторник повторно ќе излезат на протест.

Поврзани новости