Поранешните студенти на Иванов со петиција за негова оставка

by Фокус 14:10
14:10

Поранешните студенти на претседателот Ѓорге Иванов, по неговата скандалозна одлука за општа аболиција, потпишуваат петиција за негова оставка:

– Ние, поранешните студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, кои на предметите: Политички теории, Современи политички теории, Цивилно општество, па дури и Информатика, за професор го имавме Ѓорге Иванов, бараме истиот да поднесе оставка на функцијата Претседател на Република Македонија.Ова наше барање е израз на разочарувањето кое го предизвика вчерашната одлука на Иванов, со општ акт да ги прекине сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата – се наведува во ниовната петиција.

- Advertising -

Неговите поранешни студенти тврдат дека им е срам што професорот од кого учеле за основите на политичките теории, и за важноста на цивилното општество, денес е човекот кој ги погазил сите принципи за кои не учел и со својата одлука ја погреба демократијата и владеењето на правото во државата!

– Професорот кој своето прво предавање на првиот час за сите студенти на политички науки, традиционално го започнуваше со реченицата: ‘Разликата меѓу политолог и политичар е како меѓу криминолог и криминалец’, со одлуката за аболиција, за жал, покажа дека тој всушност, никогаш не ја направил таа разлика“ – гласи петицијата.

Поврзани новости