Поранешниот телохранител на Мајкл Џексон откри што правел пејачот пред смртта

by fokus

Поранешниот телохранител на Мајкл Џексон, Мет Фидс за американските медиуми говореше за последните денови на кралот на поп-музиката.

„Тој претчувствуваше нешто и сакаше да биде опкружен со своите пријатели. Беше најинтелегентната личност која сум ја запознал ви животот и најголема ѕвезда“, истакна Фидс.

Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година година, од срцев удар. Пред неговата смрт, Џексон наводно консумирал дроги, како пропофол и лоразепам. Одделот за медицински испитувња во Лос Анџелес ја прогласил неговата смрт за убиство, и неговиот личен лекар се изјаснил за невин по обвиненијата за убиство без умисла.

Поврзани новости