Поранешниот сдсмовец и сегашен пратеник Саздовски ја напушти ГРОМ

by fokus

Гром на Стевчо Јакимовски остана само со еден пратеник во Собрание на РМ, откако и официјално, Чедомир Саздовски ја напушти партијата, пренесе сајтот Актуелно.

Претседателот на Собрание, Талат Џафери , официјално потврдил за Канал5, дека добил такво барање од Саздовски.

 Од друга страна Саздовски најави ваква разврска, бидејќи како што изјавил, одлуката била донесена уште на 27 април, кога се случи насилството врз пратениците.

Чедомир Саздовски беше член на СДСМ и советник од оваа партија во минатото во општина Кисела Вода.

Поврзани новости