Поранешниот обвинител Шврговски ќе го брани осомничениот за грабежот во НЛБ

by fokus 14:19
14:19

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски му е адвокат на 40-годишниот Бобан С., осомничен за кражбата на 3 милиони евра од трезорот на НЛБ во Скопје, јави „Мета“.

– Да, јас сум му адвокат – изјави Шврговски за „Мета“, но одбил да коментира било што во врска со случајот.

Бобан С., осомничениот за најголемата кражба во историјата на независна Македонија, трезорот на банката го испразнил од 6 до 10 април, соопшти МВР.

Против него е поднесена кривична пријава за затајување и во моментов е на издржување на 30-те дена притвор што му ги одреди судот.

Шврговски за државен јавен обвинител беше избран во 2007 година и оваа функција ја извршуваше до 2013 година, кога на негово место беше именуван актуелниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Поврзани новости