Поранешниот градоначалник на Вевчани не можел да се оддели од фотељата, па си ја земал дома

by fokus

Поранешниот градоначалник на Вевчани, Цветомир Угриноски при неговото заминување од општината со себе си ја земал и фотељата, објави новиот градоначалник, Сашо Јанкоски.

-Иако екс градоначалникот при неговото заминување со себе си ја понел и фотељата, денес од страна на Наум М. Бебекоски, Општина Вевчани доби донација нова фотеља. Историјата се повторува бидејќи и неговиот покоен татко Момчило Бебекоски при формирање на Општина Вевчани ги донира првите компјутери.
Огромна Благодарност од мое име и од името на Општина Вевчани до оваа хумана фамилија, објави Јанковски.

 

Поврзани новости