Поранешниот градоначалник на Солун осуден на осум години затвор

by fokus

Поранешниот градоначалник на вториот по големина грчки град, Солун, Василис Папајоргопулос, денеска беше осуден на осум години затвор за перење пари во врска со незаконско присвојување на општинските фондови.

Денешната одлука е втора пресуда за Папајоргопулос, поранешен шампион во спринт, кој беше градоначалник на Солун од 1999 до 2010 година.

Папајоргопулос претходно доби 12 години затвор за проневера откако повеќе од 17 милиони евра исчезнаа од касата на градот. Тој мина во затвор две години и пет месеци, но беше ослободен во 2015 поради влошена здравствена состојба.

Папајоргопулос ги отфрла сите обвиненија. Тој ќе остане на слобода додека повисока инстанца не ја разгледа неговата  жалба.

Поврзани новости