Поранешниот албански претседател Нишани во болница

by Fokus

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани синоќа бил итно донесен во болницата ” Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде е се уште на болнички третман.

Според болнички извори се лекува од пост ковид билатерална пневмонија и е на кислородна поддршка.

Дел од медиумите, повикувајќи се на сигурни извори, наведуваат дека животните параметри не му се во добра состојба.

Педесет и шест годишниот Нишани, беше претседател на државата во период 2012/ 2017 година.

По завршување на мандатот се повлече од политичката сцена, каде се врати пред една година, кога беше избран за претседател на Националното собрание на Демократската партија.

Поврзани новости