Поранешни и актуелни заменици министри сведочеа за скандалот на Онкологија – и тие не знаеле за незаконското работење

by Fokus

Поранешните заменици министри за здравство Илир Хасани и Владимир Рендевски, како и актуелната заменичка Маја Манолева, тврдат дека немале информации за незаконско постапување на Клиниката за онкологија.

Тие за време на денешното сведочење пред Анкетната комисија за скандалот на Онкологија, рекоа дека немале увид во документацијата, но и не биле дел од блискиот кабинетски тим на министерот.

„Ревизорскиот извештај за онкологија го прочитав постфестум..ако ме прашувате лично многу е лош, рече Илир Хасани.

„За Като системот немав слушнато, знам дека е за контрола на терапија и секако лошо е ако го имаме а не функционира, рече Владимир Рендевски

Манолева рече дека Като системот е проблематичен од самиот почеток, кога бил пуштен во употреба во 2017-та година со само една обучена сестра.

Опозициските пратеници се сомневаат дека Клиниката `се уште работи во хаос.

Поврзани новости