Поранешни функционери се повикале на помилувањето од Иванов за да се спасат од обвиненијата на СЈО

by fokus

Некои од помилуваните екс функционери кои се обвинети во случаите на Специјалното јавно обвинителство повторно бараат спас во одлуките за помилување дадени од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дознава „Макфакс“.

Како што објави „Макфакс“, обвинетите преку адвокатскиот тим поднеле приговори до судот, во кои наведуваат дека сè уште е во сила одлуката на Иванов за помилување бидејќи сметаат дека поништувањето на аболициите не може да важи ретроактивно.

Иванов на 12 април 2016 објави дека донел одлука да помилува 56 лица од истраги и кривично гонење. На 19 мај Собранието му овозможи на шефот на државата да ја поништи аболицијата со измените на Законот за помилувањето, кој пропишува дека Иванов може да ја поништи аболицијата во рок од еден месец.

Поврзани новости