Поранешната српска мисица Мирјана Стојановиќ загина во сообраќајна несреќа

by fokus

Мирјана Стојановиќ (34), поранешна Мис на фотогеничност и финалистка на изборот Мис на Србија 2007, утринава загинала во сообраќајна несреќа, јавуваат тамошните медиуми.

Несреќата се случила на патот Прхово – Шимановци, кога Стојановиќ управувајќи со својот автомобил Голф се судрила со камион и починала на самото место.

Изминативе години Мирјана живеела повлечен живот и се свртела кон новата професија – отворила салон за убавина.
Во времето кога се појави на модната сцена, на свои 19 години, беше синоним за природна убавина.

В.К.

Поврзани новости