Поранешен пожарникар од Штип ќе го тужи Илчо Захариев за мобинг

by fokus

Александар Георгиев, поранешен пожарникар од Штип ќе го тужи актуелниот градоначалник Илчо Захариев за мобинг, објави ТВ 24. Ако го добие судскиот спор парите ќе ги донира за набавка на опрема на своите поранешни колеги, за која вели дека е во катастрофална состојба.

Георгиев е пожарникарот кој прв ја тужеше општина Штип затоа што висината на платата што ја добивале не била според условите утврдени со Законот за пожарникарство. Но, борбата за правата му донесе многу главоболки, истата година кога бил прогласен за најдобар пожарникар е прераспределен на ново работно место – курир во општината.

-Бев поставен на фирмарина, ми дава работа да одам да барам фирми кои веќе 10 години не постојат. Во општина Штип е евидентирано дека таа фирма е затворена 10 години. Одиш со образложение дека човек е мртов не постои фирмата, буквално требаше да одам на градските гробишта да сликам и да докажам дека е мртов и неговата фирма не работи 10 години, вели Александар Георгиев.

Тврди и по и пред тужбата добивал притисоци, му биле праќани емисари да се откаже, а неговото семејство осум месеци било изложено на огромни притисоци

Поврзани новости