560
Поранешниот кошаркар на ЛА Лејкерс, Слава Медведенко, решил да ги продаде своите два шампионски прстени освоени во НБА лигата во сезоните 2001 и 2002 година. Како што самиот вели, целата сума на пари ќе ги донира на Украина, поточно за помош на украинските деца.
-Сакаме да ги обновиме спортските сали бидејќи руската армија бомбардираше повеќе од сто училишта. На нашата земја и требаат многу пари за да се поправат училиштата. Спортските теретани ќе бидат последни во редот за тоа. Во Украина имаме зима и децата треба да играат внатре, -вели Медведенко, чии прстени на аукција се очекува да обезбедат најмалку по 100.000 американски долари.
Инаку, тој за НБА тимот Лејкерси играше од 2000-та до 2006-та година, а се пензионираше 2017-та година.