Поранешен бугарски министер предлага преку отворање бугарски школи да се асимилираат Македонците

by fokus

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси со старо-нов предлог: Бугарија преку отворање на универзитети и училишта во Македонија да им го наметне бугарскиот идентитет на македонските студенти, односно дека тие се Бугари. Овој предлог тој го изнесе при гостување на една бугарска телевизија.

-Бугарската Влада да одвои ако треба и една милијарда евра за да отвориме пет универзитети во Бугарија: во петте најголеми градови и неколку гимназии и основни училишта. На тие универзитети ќе се учи од нашите бугарски учебници. Нема потреба да ги тераме да ги менуваат нивните учебници. Туку, преку овие универзитети тие деца ќе учат од нашите учебниците. Потоа тие ќе сакаат да станат бугарски граѓани и ќе се поистоветат во бугарскиот идентитет и култура, вели Паси.

Тој прогнозира дека со овој план за 10 години ќе му се промени менталитетот на македонскиот народ.

Поврзани новости