Поради здравствени причини одложена промоцијата на Поп Асановиќ во Скопје

by fokus 10:57
10:57

Промоцијата на новиот албум Povratak prvoj ljubavi/ Return to the First Love, на легендарниот хрватски клавијатурист, Тихомир Поп Асановиќ, која требаше да се одржи денес на пладне во музичката продавница Југотон во Скопје, е одложена.

Како што информираат од неговиот тим, откажувањето е поради здравствени причини.

- Advertisements -

-Промоцијата ќе се случи за неколку недели, за што навремено ќе ве информираме. Благодарност до сите медиуми и фанови кои со нетрпение го чекаа овој настан и кои не можеа да исчекаат денот кога ќе се дружат со легендарниот музичар. Ви благодариме на сите за разбирањето – известуваат од Кроација рекордс.

Поп Асановиќ е некогашен член на Тајм и Септембер, а беше дел и од Југословенска Поп Селекција. Со своите бравурозни изведби ги придружуваше големите имиња на регионалната сцена: Јосипа Лисац, Бошко Петровиќ, Про Арте…

Токму со најдобрите регионални музичарите Поп го сними и новиот албум, составен од хрватски и англиски песни, како и од ново македонско музичко богатство. Роден е во Скопје, а новиот албум доаѓа по 43 години солистичка дискографска пауза.

Вики Клинчарова

Поврзани новости