Поради технички проблеми, одложена посетата на Османи во БиХ

by Fokus 11:09
11:09

За денеска најавената посета на Босна и Херцеговина на делегација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, предводена од шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, се одлага, соопшти МНР на БиХ.

Како што пренесува сараевскиот весник „Дневни аваз“, во соопштението на Министерството се посочува дека посетата е одлoжена „поради технички проблеми поврзани со доаѓањето на делегација од Република Северна Македонија во БиХ“.

- Advertisements -

Босанското Министерство информира и дека за новиот датум на посетата медиумите ќе бидат навремено информирани.

Османи денеска требаше да престојува во работна посета на БиХ, во рамки на неговата турнеја низ земјите од регионот.

Поврзани новости