Поради судир со друго возило полициското јети заврши во ендек

by fokus

Сообраќајна несреќа на автопатот Градско-Велес предизвика возило во сопственост на полицијата, марка „шкода јети“ да заврши утринава во ендек.

Според МВР сообраќајката се случила околу 10,15 часот на крстосницата од исклучокот од автопатот Градско-Велес, кај место викано Штипска клучка.

„Сообраќајна незгода се случила меѓу патничко моторно возило “Нисан“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Л.К.(66) од Кавадарци и патничко моторно возило “Шкода Јети“, сопственост на МВР на РМ. Се работи на целосно расчистување на случајот“, велат кратко од полицијата.

Поврзани новости