Поради расправата за Зврлевски текстилците нема да го добијат навреме планираното покачување

by fokus

Работниците од тектилната и кожарската индустрија нема да го добијат навреме најавеното зголемување на минималната плата затоа што Законот се уште не е отпакуван во Собранието. Измените предвидуваат мерката да започне со примена од први септември, но според агендата на Собранието парламентот ќе ја започне расправата на тринаесет дена подоцна.

Одложувањето на нејзиното спроведување е поради маратонската расправа во Собранието за разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Со недели пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си реплицираа сами на себе, бараа контрареплики, процедурални забелешки и паузи поради што беше блокирано носењето на сите други закони.

Од Министерството за финансии се надеваат дека наместо од први септември, најавеното зголемување на минималната плата ќе се оствари со само еден месец задоцнување, во октомври. Но се зависи од подготвеноста на пратениците да ги донесат законските измени без дополнителни одолговлекувања.

Со законските измени се очекува 130.000 работници да земаат плата од 12.000 денари наместо 9.000 денари како до сега. Со мерката ќе бидат опфатени вработените во индустриите за производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа. Освен тоа Законот предвидува и редовно усогласување на минималната плата со порастот на просечната исплатена плата за сите вработени.

М.В.

Поврзани новости