Поради приватни причини Лола не доаѓа во Скопје

by fokus 09:10
09:10

Познатата пијаниста Лола Астанова го откажа концертот во Скопје, кој требаше да се случи на 9-ти ноември на сцената во Македонската филхармонија. Според најавите, беше предвидено таа настапи заедно со гудачки камерен оркестар од 8 музичари, за прв пат во нашата земја.

Атрактивната пијанистка, го сврте вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис, па дури и Американскиот Претседател Доналд Трамп. 34-годишната Лола Астанова е родена во Узбекистан, а од 2003 година живее во САД. Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се ,,Don’t Stop the Music” од Ријана, ,,We are the Champions” na Quinn и ,,Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со нејзиното момче Стјепан Хаусер од 2 Cellos.

- Advertisements -

-Со повеќе од 100 милиони прегледи на Инстаграм минатата година, Лола Астанова стана најпопуларниот пијанист во светот, генерирајќи бројки кои се без преседан за класична музика.

Последните години Астанова свири со филхармониите на Јаhја Ling – музички директор и диригент на симфониски оркестар во Сан Диего, камерниот оркестар на Свети Лука во центарот за изведувачки уметности Линколн во Њујорк, Кливландскиот оркестар, а соработувала со диригенти како Eduardo Marturet , Ramon Tebar, Gerard Schwarz. Изведбата ,,Rhapsody in Blue“ на Gershwin со Gerard Schwarz и учеството на Лола беше вклучено во посебнo телевизиско шоу ,,All Star Orchestra“ во Њујорк, каде што доби награда ,,Еми” за 2016 година.

Феноменалниот концерт во Teatro del Silenzio на атрактивната пијанистка со италијанскиот тенор Андреа Бочели, во срцето на Тоскана во 2017, кој собра под отворено небо повеќе од 12.000 гледачи од целиот свет, е опишан како еден од ремек-делата на класичната музичка сцена – информираа од организацијата на концертот.

Сега, по повод откажувањето на концертот соопштија дека истиот е откажан поради приватни причини на Лола. Сите кои купиле билети, можат да направат поврат на средствата на продажното место од каде се купени – соопштија од Прагма Продукција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости