Поради пожар километарски колони од Прилеп кон Кавадарци, заглавените граѓани бараат сместување во Прилеп

by fokus

Стотици возила од излезот на Прилеп кон Кавадарци со часови чекаат во колони поради големите пожари кои се активни кај месноста Тројанци до Радобил.

Од АМСМ информираат дека патот ќе биде затворен најверојатно до раните утрински часови. Поради силниот ветер има проблеми со гасењето.

Дел од патниците кои заглавија на патот веќе почнаа да бараат сместување во хотелите низ Прилеп.

Вики Клинчарова

Поврзани новости