Поради немањето став ВМРО-ДПМНЕ стана заложник на политиките на Левица, смета Ковачевски

by Fokus
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју во емисијата 360 Степени на Алсат – М Телевизија, порача дека на нашиот европски пат постои една опасност а тоа во популизмот којшто го шири партијата Левица и нивниот лидер, а дека ВМРО-ДПМНЕ заради немањето на став станува заложник на политиките на Левица.
-Ако сте ги следеле моите јавни настапи во текот на октомври, ноември и декември, особено на трибините кои што беа организирани, јас таму зборував за два концепти. Едниот концепт кој го водам  е за европска Македонија и придвижување на нашата држава во семејството на европските држави. Затоа што нашите граѓани, сегашни, идни генерации заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, меѓутоа тука дома во нашата држава, а не во некоја земја во туѓина на ЕУ, рече Ковачевски
Од другата страна имаме концепт кој што е за изолација, додаде Ковачевски.
-Тој концепт го предводи политичката партија Левица, кој што со својата популистичка и потпалувачка реторика единствено нешто што прават е изолација на државата од европските текови. Дури заговараат некоја Евро-Азиска унија за државата. А ВМРО – ДПМНЕ бидејќи нема став, што го објаснив, и единствено се заложници на ставовите на Левица и во политичкото делување секој ден се напрегнуваат со нив, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека е зачуден од милитаристичките изјави на Мицкоски.
-Вчера ме зачуди изјавата на претседателот Мицкоски на ВМРО – ДПМНЕ, и тоа во делот каде што тој кажува како бил доброволец и победувал во војна. Што значи дека тој уште малку ќе почне да се натпреварува колку луѓе убил во некаков воен конфликт., рече Ковачевски.

Поврзани новости