Поради неисплатени плати: Го полеал со бензин возилото на газдата, и го запалил

by Fokus

На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот Србија, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ.С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило ‘бмв икс 6’, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил.

Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ.С. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот.

Поврзани новости