Поради најавените врнежи, ЦУК алармира на опасност

by Fokus

Започнувајќи од попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои посебно ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта. Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни, Центарот за управување со кризи предупредува на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

За време на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден, истакнуваат од ЦУК.

ФОТО: Томислав Георгиев

Поврзани новости