Поради можно присуство на штетни материи, ајвар произведен во Македонија се повлекува од маркетите во Словенија

by Fokus

Словенечката Управа за безбедност на храната од страна на синџирот маркети Шпар, била известена дека од продажба повлекуваат ајвар произведен во  Македонија, поради присуство на недозволени материи.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, оваа информациија е објавена на интернет страна на словенечката Влада.

За сега не се соопштува за какви штетни материи се работи, но на известувањето пишува дека ајварот е произведен од компанијата Алтера Фуд д.о.о. со седиште во Гевгелија.

Со објавата се повикуваат сите оние кои имаат купено од ајварот, да го вратат во една од продавниците на Шпар Словенија.

Поврзани новости