Поради ковид хоспитализиран претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски

by Fokus
Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски е хоспитализиран во болница поради коронавирусот.
Од Клиниката за заразни болести потврдуваат дека Караџовски заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба, пренесоа дел од медиумите, без потреба од кислородна поддршка и се лекуваат само со лекови. Караџовски кој е позитивен на коронавирусот претходно и самиот потврди дека има и други здравствени проблеми, но сепак не се повлече од челото на Комисијата.

Поврзани новости