Популизмот е непријател на демократијата

by Фокус

Популизмот ја минира основата на демократијата, оцени универзитетскиот професор Александар Спасов за време на презентацијата на анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование и Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

-Во есенцијата на популизмот е антагонизмот кон институционалното демократско решавање на конфликтите во општеството врз основа на принципите на владеењето на правото. Токму затоа, го идентификувавме популизмот како една од најголемите закани за демократското политичко уредување – рече Спасов.

Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, пак, изјави дека темата популизам го доминира светскиот политички дискурс.

-Изминатите години сведочевме на популистички тенденции како во либерални демократии но и во срцето на стабилни демократии. Северна Македонија неизбежно ја зафати и тој бран на популистички наративи. Популизмот е голем непријател на демократијата – рече Трошановски.

Тој смета дека е многу важно да се адресираат овие предизвици, иако, како што вели, комплексни се причините што доведуваат до популистичко владеење.

-Овој феномен најмногу се рани од недоверба во институциите и политиките кои создаваат голема социјална нееднаквост помеѓу различни групи во општеството. Ова е подол феномен којшто користи демократски јазик за да практикува антидемократски политики – рече Трошановски.

Во рамките на истражувањето, се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, како медиуми, граѓански организации и верски организации.

Висока доверба во војската, црквата и теориите на заговор

Поврзани новости