Поповски за скандалозната изјава на Заев: Луѓе сме, не е тоа со зла намера!

by fokus

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на денешната прес-конфереција говореше за кодексот на однесување на јавните функционери.

Тој на прашањето за скандалозната изјава на премиерот Заев пред една седмица, посочи дека функционерите имаат право да посочат на појави и девијации.

„Не верувам дека познавате да биде некој толку отворен за јавноста и медиумите како премиерот Заев. Сите негови изјави беа проследени преку други начини на комуникација. Носителите на јавна функција исто како и останатите, имаат право да посочат на појави, девијации и да употребат термини кој секој граѓанин ги употребува. Треба да знаеме што значи клевета и навреда и што значи став. Имало моменти кога во изминатите години искоментирале нешто што не е соодветно, но луѓе сме тоа не е со зла намера. Јасно е дека ако не се почитува кодексот на однесување, ќе има санкции. На некој може и да му заврши функцијата. Нашата Влада две години наназад прави чекори. Ќе има постапување сигурно и секој носител на јавна функција поинаку ќе се однесува“, истакна министерот Поповски.

Поврзани новости