Поповски: Кога не можете по коњот, удрете по самарот

by fokus

Ѓоко Поповски не е криминалец, не ја злоупотреби својата службена положба. Ѓоко Поповски и не знае како се злоупотребува службена положба. Ќе ја искористам онаа народна поговорка која вели „Кога не можете по коњот, удрете по самарот”.

Вака поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски го заврши неговото излагање пред Апелациониот суд во Скопје за жалбата за затворската казна од шест и пол години за набавката на блиндираниот мерцедес, пренесе порталот ПлусИнфо.

За ваквото негово излагање во изјава за медиумите обвинителот Гаврил Бубевски рече дека СЈО удира и по коњот и по самарот.

Поповски во неговата одбрана истакна дека работел согласно упатствијата и оти колку и да сакал некој да фаворизира некого не може бидејќи во Законот за јавни набавки постојат иск одредби кои не го дозволуваат тоа.

Поврзани новости