Поповска: Од пратеничкото место се откажувам за општо добро

by fokus 18:43
18:43

 -Човек треба да ги следи своите принципи и да мисли пред сè за општото добро, од овие причини одлучив добитното четврто место на пратеничката листа – рече претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска , откако се откажа од добитното место кое го имаше на листата на СДСМ.

Поповска вели дека нејзиното место ќе му го отстапи на некој од ДОМ, но не открива имиња.

- Advertisements -

-Многу пати досега сум се откажала од функции и не сакам да предизвикувам раздор и тоа ќе го сторам и овој пат. ДОМ има одличен кадар и тој што ќе влезе во Собранието, со моја помош ќе  ја продолжиме битката за демократизација на општеството. Во политиката е важен личниот пример. Никогаш не сум жалела за моите потези и сега нема да зажалам – порача Поповска.

Инаку, таа беше на четврта позиција во третата изброна единица, но по лавината реакции и критики  од дел на членството на СДСМ, изјави дека се повлекува.

Поврзани новости