Поповска: Бркањето на учителката Стаменкова е скандалозно и политичко

by Фокус

-Бркањето од работа на учителката Стаменкова е политички мотивиран скандал. Но, ова не не зачудува. Веќе стана препознатливо дека секој што нема да се приклони ќе страда, така е и во овој случај. Страшно е што некој се дрзнал да и го одземе работното место на една од најмногу наградуваните наставнички. Некои од наградите и ги доделуваше градоначалникот Трајановски кој сега молчи за случајот. Ај што ја избркале, туку тоа го направиле за време не нејзиното боледување. Освен неа, во истиот дом „Здравко Цветковски“ има и други што се бркаат само затоа што имале добри односи со Стаменкова, изјави пратеничката Лиле Поповска во врска со веста објавена на порталот Фокус дека Стаменкова останала без работа откако ДОМ ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани новости