Попоски за Брегзит: Изгубивме поддржувач на Македонија за влез во ЕУ

by fokus

Одлуката на Велика Британија за излез од Европската Унија, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ја гледа како загуба на значајна земја-членка.  Попоски вели дека за Македонија, ова е загуба на еден поддржувач во процесот на проширување на ЕУ.

„За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носењето на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара, да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на македонските граѓани“, вели Попоски.

Поврзани новости