Попоски во Брисел: Помогнете ни преку забрзување на евроинтеграциите

by fokus 22:45
22:45

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски денеска остварил средби сo членови на Европскиот парламент, во светло на дискусиите околу Резолуцијата за Република Македонија.

Според соопштението испратено до медиумите,Попоски на средбата побарал помош за Македонија преку забрзување на евроинтеграциите.

– Регионот минува низ фаза на тензии и прашалници за иднината. ЕУ е истовремено под влијание на внатрешните проблеми. Во такви околности, за нас е најпаметно да се обединиме околу интеграција во Унијата и вистинските вредности кои се подзаборавени. Тоа е секако покорисно, отколку да си ги прецртуваме границите. Брисел може да помогне со тоа што ќе го направи членството достижно и реално за оваа генерација македонски граѓани – истакнал Попоски.

Инаку, Советот на ЕУ на вчерашниот состанок расправаше за состојбата на земјите на Балканот. На врвот на агендата се најде и македонската криза, која лидерите на ЕУ ја оценија како „тензична”. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини порача дека „Македонија си игра со оган” и апелираша до политичарите кризата да не ја претвораат во меѓуетничка конфронтација. Таа го повика Ѓорге Иванов да престане да ја блокира новата влада и да го додели мандатот на Зоран Заев.

Поврзани новости