Попоски: Се повлеков од Извршниот комитет на ВМРО поради различни видувања

by Фокус

Во однос на шпекулациите поврзани со партиските функции, би истакнал дека минатиот месец имам поднесено оставка само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ поради разликите во видувањата за изборните резултати, околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни, реагираше поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски на неговиот фејсбук профил.

„Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана. Останувам посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани“, напиша тој.

Поврзани новости