Попоски: Направивме страшни грешки

by fokus

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за австрискиот „Дер Стандард” зборува за евроинтеграциите и за грчкиот спор. „Направивме страшни грешки” признава во разговорот шефот на македонската дипломатија.

На прашањето дали македонските евроинтеграции можат да продолжат без решавање на спорот со името, министерот вели:

-Што се однесува до ЕУ, направивме огромна грешка во 2009-та година. Тогаш ја примивме првата препорака од Европската комисија за старт на преговорите. Предлогот на Грција беше да ги започнеме преговорите, а по неколку месеци да го решиме проблемот со името. Во меѓувреме, ние ниту ги започнавме преговорите – ниту го решивме проблемот со името и јасно е дека нема да има решение, затоа што нема да има морков на крајот- вели Попоски за австрискиот весник.

Поврзани новости