Попоски: И со и без споменици, Грција ќе ја блокира Македонија

by Фокус

Грција ја блокираше Македонија и кога немаше споменици кои предизвикуваат негативни реакции кај нив, изјави македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за „Ди Пресе“. Според него, иако спомениците кои се поставуваат во Скопје Атина ги толкува како провокации, тоа не е клучно во спорот за името.

Попоски смета дека Грција единствено што прави е да добие на време во преговорите за името, a грчката влада во моментов не е во можност да троши енергија на ништо друго, освен за решавање на економската криза.

Што се однесува до меѓународната политика, Попоски вели дека Русија не е алтернатива и тоа е илузија. Според него, за Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО.

 

Поврзани новости