Попоски: ЕУ да ни помогне во справување со мигрантите

by Фокус

За проблемот со мигрантите потребно е Европа да обезбеди заеднички одговор, оти ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси, порача министерот за надворешни работи Никола Попоски.

– Помошта за Македонија од Брисел засега е симболична. Очекуваме третман од ЕУ како кон земја членка. Во комуникација сме и со нашите соседи и со ЕУ и со ОН, бидејќи се работи за проблем кој не е од или за Македонија, туку Македонија е само една од дестинациите која е дел од рутата. Бараме решение да се справиме со многу зголемен наплив. Од една вообичаена динамика од 500-600 мигранти кои влегуваа на македонска територија се соочивме со ситуација во која неколку илјади доаѓаат наеднаш – рече Попоски.

Според него, очигледно нашата состојба е многу специфична бидејќи сме единствена граница на оваа рута во која мигранти доаѓаат од земја членка на ЕУ на територија на земја која не е членка на Унијата.

Поврзани новости