Попоски: Албанија да не се меша во формирањето на владата

by fokus

Мешањето на Албанија и Косово во внатрешните работи на Македонија е непристојно и несоодветно, порача шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, а пренесе Мета.

– Не е пристојно, ниту соодветно кога премиер или претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи, особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање влада. Се испраќаат погрешни сигнали во регионот. Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедство. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите – вели Попоски.

Реакцијата доаѓа по објавувањето на заедничката платформа на ДУИ, Движење Беса и на Алијанса за Албанците, која произлезе по средбите на лидерите на партиите со државниот врв на Албанија и на Косово.

Поврзани новости