Поплавени подруми, излеана канализација и оштетени улици во Кавадарци

by Фокус

Поплави во подруми и подрумски простории на дваесетина куќи, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици, е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци.

Од Јавното комунално претпријатие за МИА велат дека дел од улиците биле и блокирани поради наноси од тампонот, но со брза интервенција со четири скипа, неколку трактори и камиони проблемот бил отстранет.

Ситуацијата во Градот за многу кратко време била нормализирана, а во текот на денешниот ден и утре ќе се изврши целосно миење и генерално чистење.

Во средувањето на градот учествувале и кавадаречките пожарникари кои со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти.

Сите пријави за штети се регистрирани во кол центарот на Општината и комуналното претпријатие, се евидентираат и се постапува по нив.

Поврзани новости