Попладнево продолжи да сообраќа возот од Скопје за Кочани

by fokus

Патничкиот воз од Скопје преку Велес и Штип за Кочани по два дена прекин, попладнево од 15:20 часот повторно тргна од Скопје, помина низ Велес, и е на пат за Кочани, информираат од раководниот тим на Железничката станица во Велес.

-Возот два дена не сообраќаше, откако во понеделникот во 17:20 часот, пред Овче Поле, на пат кон Штип, излета единствениот вагон од шините. За среќа, во несреќата неповредени остана двајцата патници, кондуктерот и машиновозачот, соопштија од ЈП Македонски железници – Транспорт.

Оттаму велат дека екипа на ЈП Македонски Железници – Инфраструктура, вчера направила стручен увид за утврдување на причините на несреќата. Оштетениот вагон е испратен на поправка.

Возот на релација Кочани Велес – Скопје сообраќа рано наутро и обратно, попладне со поаѓање од станицата во Скопје во 15:20 часот.

Поврзани новости