Попладне не очекува пороен дожд со грмежи

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје слично време со температурата од 15 до 31 степен.

Според УХМР, и во следните денови во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.

Поврзани новости