Попладне концерт на покривот на Домот на градежници во Скопје

by Fokus

Денеска попладне со почеток во 18 часот на покривот на Домот на градежници во Скопје ќе се одржи првиот концерт на отворено, а граѓаните од околината ќе можат да го следат од своите балкони.

„Младиот скопски музичар и некогашен фронтмен на бендот „Д Џон“, Лепи Џони, ќе одржи едночасовен соло-концерт за станарите од Градски ѕид. Ги повикуваме нашите сограѓани од околните згради да му дадат поддршка на овој млад скопски уметник“, соопштија од Град Скопје.

Концертот ќе биде достапен на фејсбук-страницата на Град Скопје  и на официјалниот јутјуб-канал на Град Скопје.

Поврзани новости