Поп и фолк пејачи хуманитарно во Штип

by fokus

Вечер во Мултимедијалниот центар во Штип, со почеток од 19 часот ќе се одржи хуманитарен концерт, а собраните средства ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со посебени потреби.

На настанот кој е во организација на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи – Цивитас и Општина Штип, ќе настапат поп и фолк пејачи.

Во забавниот блок ќе настапат Александра Јанева и групата ,,Тони и две жени’’ додека во народниот гости ќе бидат Тања Јовановска Трајкова и нејзината ќерка Драгана Јовановска, Тања Блажева, Пантелија Коцева, Снеже Радичевска, и КУД ,,Ристо Донев – Учителот’’.

Настанот кој се случува по четврти пат, предизвикал голем интерес кај штипјани и голем број влезници веќе биле распродадени.

В.К.

Поврзани новости