Понудите на „Фероинвест“ на Анѓушев биле неприфатливи на тендерот на ЕЛЕМ

by fokus

Во четири од петте одвоени пакети на денешната аукција за тендерот на АД ЕЛЕМ, за набавка на гумени ленти за транспорт на материјалот во РЕК Битола, биле побарани повисоки суми од сумата која компанијата ја испланирала во буџетот. Од таму велат дека е прифатлива само понудата за еден пакет, која ја дала фирмата „Repro-Oprema d.o.o.Beograd”.

Понудите на компанијата „Фероинвест“ во сопственост на вицепермиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, биле повисоки од сумите што компанијата планирала да ги потроши за таа намена, додаваат од таму. Од ЕЛЕМ велат дека конечната одлука за тоа дали ќе биде прифатена било која од понудите, ќе биде донесена наредната недела.

„Комисијата за јавни набавки на АД ЕЛЕМ ќе ја утврди фактичката состојба во текот на следната недела и ќе се изјасни за натамошните чекори во врска со овој тендер. Според законот, една од можностите е да се прифати понудата за делот од набавката која е во рамките на предвидениот буџет на АД ЕЛЕМ, а за другите четири да се поништи тендерот и да се распише нов. Во тој случај,  АД ЕЛЕМ веднаш ќе почне процедура за нов тендер, од причини што предметот на оваа набавка е крајно неопходен за да може да тече производството во РЕК Битола“, посочуваат од таму.

Поврзани новости