Поништено гласањето на едно избирачко место во Штип

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) по службена должност денеска го поништи гласањето на изборите за градоначалник во избирачкото место 2266 во Штип, поради тоа што во гласачката кутија имало едно ливче повеќе од потписи во изводот од Избирачкиот список.

Членовите на Комисијата ги преброаја гласачките ливчиња и утврдија дека навистина има едно ливче повеќе. ОИК и ИО ја утврдиле фактичката состојба.

Членовите на ДИК не го прифатија предлогот на Елизабета Постоловска, член на ДИК, за разрешување на Избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија поради вишок ливче во ИО 2266.

Јанакие Витановски оцени дека поништувањето не влијае на резултатите од гласањето во Штип и дека ОИК и ИО ги имаат преземено сите дејствија.

Поврзани новости